Нашите јуниори утринава заминаа за Естонија каде во наредните 10 дена ќе ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство (Дивизија Б). Ждребот посака да репрезентативците до 18 години бидат сместени во групата Д заедно со домаќинот на континенталниот собир, Белгија, Швајцарија, Данска и со Ирска. 

Селекторот Ѓорѓи Кочов е оптимист за настапот на неговите избраници на првенството, но останува со скромни очекувања за почеток. Сите присутни му посакаа и среќен роденден на Антонио Ѓорѓиевски, а желбата е јасна - што подобар успех на првенството!
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ:

28. ЈУЛИ
МАКЕДОНИЈА – Данска
20:30
29. ЈУЛИ
Белгија – МАКЕДОНИЈА
16:15
30. ЈУЛИ
МАКЕДОНИЈА – Ирска
14:00
1. АВГУСТ
Швајцарија – МАКЕДОНИЈА
11:45
2. АВГУСТ
Естонија – МАКЕДОНИЈА
16:15