Најмладите репрезентативци утринава го одржаа првиот собир. Селекторот Денис Дервишевиќ прозиваше заедно со својот асистент Марјан Ѓуров и Благоја Кечовски кој ја има улогата на ментор. Младите кошаркари ќе имаат еден месец за подготовки пред турнирот во Словењ Градец наречен „Slovenia Ball“ кој е своевидан пандан на континентален собир за оваа возрасна категорија. 

Никогаш досега оваа возрасна категорија немала еден месец подготовки. Искористете го тоа на најдобар можен начин. Додека сме на тренинг, сите ние тренери сме на исто ниво. Што и да ви биде потребно ќе ни се обратите, а ние од вас очекуваме дисциплина на највисоко ниво. Така ќе си ја олесните и својата, а и нашата работа. - менторот Кечовски го отвори тренингот.