Се доближува денот кога нашите јуниорки ќе заминат за Даблин да ги бранат боите на Република Македонија на Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркарки до 18 години. Анета Глигорова и нејзините избранички нешто помалку од еден месец интензивно работат на подготовка за континенталниот собир, а досега одиграа два пријателски натпревари, но не успеаја да извојуваат победа. 

Јуниорките ќе имаат шанса да го поправат впечатокот на јавноста со одигрување на уште два пријателски натпревари против Бугарија, овој пат в Скопје. Според првичниот план, викендов требаше да се одржи мини турнир, но Израел го откажа своето учество.

Двата пријателски натпревари против Бугарија нашите јунирки ќе ги одиграат во малата сала на „Кале“. Првиот ќе се одигра в сабота (29. јули) со поечток во 19:00 часот додека вториот е закажан за ден подоцна (30. јули) на пладне. 

СТАТИСТИКА
Прв натпревар
Втор натпревар