Македонската кошаркарска федерација ги повикува сите медиумски куќи за акредитирање на новинарски екипи за следење на натпреварите во рамки на претквалификациите кои нашата А селекција ќе ги одигра на домашен терен.

Барањата за акредитации треба да се испратат најдоцна до вторник (1. август, 2017 година) на office@basketball.org.mk и истите ќе можат да се подигнат до петок (4. август, 2017 година) во просториите на Македонската кошаркарска федерација. 

Првиот натпревар на домашен терен го играме против Естонија на 5. август со почеток во 20:30 додека вториот го играме седум дена подоцна против Косово во истиот термин.