Од последниот тест пред претквалификациите за Светското првенство, нашите сениори се враќаат со пораз. На вториот пријателски натпревар против Бугарија (првиот одигран во Скопје) избраниците на Јорданчо Давитков запишаа пораз од 96-74 (22-28, 20-15, 28-19, 26-12).

Ни требаше некоја минута за да влеземе во ритам, па раното водство на домаќините (7-2) ни служеше како стимул за брзо консолидирање. Одговоривме на идентичен начин, а грешките на спротивната страна ги искористивме за изедначување (7-7, па 12-12). Игравме поен-за-поен, па на крајот на првиот период ја забрзавме играта и поведовме со 22-28. Во вториот период наметнавме побавно темпо, но тоа им одговараше на домаќините кои со шутеви од далечина намалија на 42-43 на крајот на првиот дел од натпреварот. Откако екипите се вратија на паркетот по паузата на полувремето, домашниот состав беше поагресивен на теренот. Примивме 10 поени и не успеавме да реализираме ниту еден шут по што негативата која ја имавме пред нас беше двоцифрена (57-47). Накратко успеавме да ја смириме играта со силна игра во рекетот, но заборавивме на надворешните страни по кои домаќините лесно ни уфрлуваа поени.

СТРЕЛЦИ
Стајиќ (2поени), Костоски (10), Мекиќ (6), Јанески (14), Теодор (14), Пенов (3), Ѓуроски (8), Младеновски (2), Николовски (5), Чековски (10)

 

*Фотографијата е преземена од Фејсбук страницата на Бугарскта федерација.