Третиот тест во рамки на подготвителниот период за нашите јунирки значеше и трет пораз. На првиот пријателски натпревар одигран на домашен терен, избраничките на Анета Глигорова покажаа карактер, но не успеаја да ги спречат експлозивните противнички. Единственото водство го имавме во првиот период (10-6), а потоа гостите го диктираа темпото се до конечни 46-62 (14-19, 10-16, 11-13, 11-14).

СТРЕЛЦИ
Џуговска (3 поени), Белеска (1), Митрева (1), Андонова (6), Серафимоска (15), Шеќероска (6), Стоева (2),Кузмановска (2), Петрушевска (6)