Нашите јуниорски репрезентативци ја запишаа првата победа на Европското првенство (Дивизија Б) во рамки на групната фаза. избраниците на Ѓорѓи Кочов одиграа на висина на задачата не дозволувајќи му на противникот, во конкретниот случај Ирска, да изедначи или пак да направи евентуален пресврт. Бевме посилни во секој аспект од играта и во финишот запишавме победа со 73-55 (16-14, 21-12, 15-18, 21-11)

Следно за нашите јуниори е натпревар против селекцијата на Швајцарија.
СТРЕЛЦИ
Трсунов (19 поени), Јордановски (3), Крстевски (13), Стојановски (18), Михајлоски (8), Какруки (8), Темелковски (4)