Нашите јуниорски репрезентативци денес имаа лесна задача против Швајцарија. Четвртиот противник во рамки на групната фаза од Европското првенство (Дивизија Б) немаше никаква шанса против избраниците на Ѓорѓи Кочов чија игра беше премногу експлозивна за нивните способности.

Во финишот, јуниорите славеа со убедливи 61-84 (17-23, 17-17, 15-24, 12-20).

Следно за нас е натпревар против домаќинот на овој континентален собир, Естонија, воедно и наш последен противник во групната фаза.

СТРЕЛЦИ
Трсунов (2поени), Ѓорѓиевски (2), Јордановски (17), Крстевски (22), Стојановски (18), Михајлоски (13), Какруки (4), Темелковски (5)