По 30 дена интензивни подготовки во Скопје и неколку одиграни пријателски натпревари избраничките на Анета Глигорова заминаа во европскиот поход на Даблин. Нашите јуниорки ќе ги бранат боите на Република Македонија на континенталниот собир што ќе се одржи во Ирска, почнувајќи од утре (3. август). Ждребот посака да нашите репрезентативки бидат сместени во групата Д заедно со домаќинот, Ирска, како и со Велика Британија, Молдавија, Украина и со Словачка.

Им посакуваме успех на нашите млади кошаркарки!