Со одигрување на натпреварот против Естонија нашата јуниорска репрезентација ја заврши групната фаза од Европското- првенство (дивизија Б). Во рамки на групата Д, нашите јуниори одиграа пет натпревари на кои запишаа две победи - против Швајцарија (61-84) и против Ирска (73-55) додека загубија од Белгија (85-65), Данска (88-92) и од Естонија (76-58).

До крајот на денот треба да се одиграат уште два натпревари од групата Д, но каков и да е исходот од тие две средби, нашата репрезентација во најлош случај би била четвртопласирана од шесте репрезентации.

Со тоа, избраниците на Ѓорѓи Кочов ќе разигруваат за конечен пласман на овогодишното првенство од 9. до 16. место. Наши противници во наредната фаза ќе бидат трето односно четврто пласираната селекција во групата Ц.

Естонија - МАКЕДОНИЈА 76-58 (25-13, 15-16, 22-14, 14-15)

СТРЕЛЦИ
Трсунов (13), Ѓорѓиевски (2),  Јордановски (3), Јанев (3), Крстевски (12), Стојанов (2), Панов (1), Стојановски (10), Михајлоски (5),Какруки (4), Волкановски (1), Темелковски (2)