Нашата сениорска репрезентација ги започна претквалификациите за СП2019 со пораз од селекцијата на Косово. Го започнавме натпреварот преимпресионирани и му дозволивме на противникот да создаде отворени позиции и да реализира шутеви од далечина. Рано во натпреварот бевме во двоцифрена негатива (19-8) која до крајот на првиот дел стана двојно поголема (40-20). Откако селекциите се вратија на паркетот нашите сениори започнаа да го диктираат темпото на игра. Со смирени раце и смиреност во нападот започнавме да ја намалуваме разликата која достигна највисоки 22 поени на натпреварот. До финишот успеавме да намалиме на 4 поени разлика (72-68; 23-11, 17-9, 15-23, 17-25).

Следно за нашите сениори е натпревар на домашен терен, в сабота (5. август) против Естонија на домашен терен.

СТРЕЛЦИ
Теодор (22 поени), Тасовски (11), Чековски (5), Мекиќ (2), Стојановски (17), Николовски (7), Костоски (4)