Во рамки на вториот натпревар од претквалификациите за СП2019, прв на домашен терен, нашите сениори запишаа уште еден пораз. Овој пат посилна беше селекцијата на Естонија со 76-80.

Ја имавме контролата над резултатот и го диктиравме темпото на игра. Не успеавме да ја одржиме концентрацијата до крај, па двоцифрена предност која ја имавме по првите десет минути (29-17) започна да опаѓа. Естонија погоди неколку клучни шутеви со кои стигна до израмнување, а потоа и до водство. Вториот дел од натпреварот го игравме поен-за-поен, но на крајот Естонија излезе како пбедник.