Националната селекција на Република Македонија до 18 години во машка конкуренција го оствои 16. место на Европското првенство (Дивизија Б) што во изминатите девет дена се одржуваше во Талин, Естонија.

Јуниорите, предводени од селекторот Ѓорѓи Кочов, запишаа две победи во рамки на групната фаза, против Ирска и против Швајцарија кои заедно со двата порази, од Естонија, Белгија и од Данска им го донесоа четвртото место на табелата во групата Д. Тоа значеше разигрување за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на првенството. Поразот од Португалија нè турна во битка за долните позиции (13. – 16. место). Во вториот натпревар за пласман загубивме од Шведска, а првенството го завршивме со пораз од Романија.

Селекциите на Хрватска и на Велика Британија се изборија за пласман во дивизија А откако се пласираа во финалниот натпревар.