Кадетските репрезентативци в среда (9. август) заминуваат за Софија, Бугарија каде во наредните девет дена ќе ги бранат боите на националниот дрес на Европското првенство (дивизија Б) за кошаркари до 16 години. Пред заминувањето, Горан Ѓорѓиевски уште еден ќе ги провери силите на своите дванаесет играчи со кои ќе настапува во Софија, против Шведска.

Кадетите на Шведска ни гостуваат непосредно пред заминување за Подгорица, каде ќе настапат на Европското првенство (Дивизија А). Натпреварот ќе започне во 16:00 часот, а ќе се одигра во спортската сала во Маврово. 

Во рамки на групата Д, ќе се надигруваме против Луксембург, Португалија, Велика Британија, Грузија и против Косово.

10. АВГУСТ
МАКЕДОНИЈА – Грузија
16:15

11. АВГУСТ
Косово – МАКЕДОНИЈА
11:45

12. АВГУСТ
Велика Британија - МАКЕДОНИЈА
14:00

14. АВГУСТ
МАКЕДОНИЈА - Португалија
11:45

15. АВГУСТ
Луксембург – МАКЕДОНИЈА
18:30