Нашата кадетска репрезентација заврши со подготовките кои водеа до Еропското првенство (Дивизија Б) што почнувајќи од четврток (10. август) ќе се одигрува во Софија Бугарија. Избраниците на Горан Ѓорѓиевски одиграа неколку пријателски натпревари во изминатиот период, забележвајќи четири победи и два порази. Во рамки на последниот натпревар кадетите загубија од Шведска со 79-86 (16-26, 25-14, 19-23, 20-22).

 

СТРЕЛЦИ
Кацарски (10поени), Миловановиќ (17), Исајлоски (11), Јанев (2), Наумоски (7), Бошковски (20), Јакимовски (7), Митевски (2)