Собирот го одржаа на 28. јуни и оттогаш нашите репрезентативни кадети ја работеа на кондицијата и на техниката. Подготвителниот период заврши и нашите репрезентативци заминаа за Бугарија каде почнувајќи од утре ќе се одигра Европското првенство (Дивизија Б) за кошаркари до 16 години. Кадетите се последната репрезентација која ова лето заминува за настап на првенство надвор од границите на Република Македонија. Остануваат уште кадетките кои ќе настапат в Скопје.

Среќно момци!