Победата во последниот натпревар од групната фаза на нашите јуниорки им ја донесе соодветната селекција на Швајцарија како противник во разигрувањето за конечен пласман на Европското првенство (Дивизија Б). Избраничките на Анета Глигорова забележаа четири порази и една победа, против Молдавија, со што се стационираа на петтата позиција во групата Д. Тоа значи борба за пласман од 17. до 24. место (борба за опстанок во Б дивизија) против шестопласираната селекција во групата Ц - Швајцарија.

Учесниците во финалниот натпревар добиваат промоција во дивизија А како и третопласираната селекција додека 24. селекција наредната година ќе се натпреварува во Ц дивизија.

МАКЕДОНИЈА - Молдавија 134-47 (37-15, 24-14, 24-8, 39-10)

СТРЕЛЦИ
Белеска (9поени), Андонова (13), Митрева (12), Лалкова (4), Шеќероска (11), Стојанова (4), Кузмановска (7), Петрушевска (20), Серафимоска (11), Стоева (8), Спировска (21)