Кадетските репрезентативци не успеаја да запишат победа на својот прв натпревар на Европското првенство (Дивизија Б) кое од денес се одигрува во Софија, Бугарија. Во рамки на првиот натпревар, избраниците на Горан Ѓорѓиевски го диктираа темпото на игра на почетокот на натпреварот, па наталожија водство од шест поени (23-17). Следеше соодветен одговор на нашиот противник за денес, Грузија, која брзо ја анулира нашата предност, а потоа и го презема водството. На полувремето бевме шест поени во негатива (28-34) кои го крајот не успеавме да ги стигнеме.

МАКЕДОНИЈА – Грузија 53-88 (19-15, 9-19, 14-21, 11-33)

СТРЕЛЦИ
Јанев (2поени), Митевски (2), Блажевски (1), Наумовски (6), Јакимовски (27), Орлов (2), Кацарски (4), Наумоски (5), Бошковски (4)