Македонската кошаркарска федерација закажува прес-конференција по повод одржување на кошаркарскиот ЛИМАК Куп на Македонија. 

На ден 15. февруари (среда) со почеток во 12.00 во просториите „Сквер 21“ (поранешно кино Вардар) на прес-конференцијата ќе земат збор претседателот на МКФ; Петар Наумоски, претставник од ЛИМАК Холдинг, како и тренерите и капитените на екипите кои ќе земат учество на завршниот турнир на Купот.