Јуниорската женска репрезентгација запиша уште еден пораз на Европското првенство (Дивизија Б). Овој пат, избраничките на Анета Глигорова не можеа соодветно да им се спротивстават на врсничките од Швајцарија против кои започна разигрувањето за пласман од 17.-24. место односно борбатга за опстанок во оваа дивизија.

Кошаркарките од Швајцарија одиграа одлична прва четвртина, правејќи огромна предност која ја одржуваа до крајот на натпреварот. Во финишот, Швајцарија триумфира со  46-57 (3-22, 12-12, 16-9, 15-14).

СТРЕЛЦИ
Андонова (2 поени), Митрева (6), Шеќероска (14), Кузмановска (1), Петрушевска (5), Серафимоска (1), Стоева (7), Спировска (10)