Вечерва против Косово на домашен терен, во VIP арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ го играме третиот натпревар во рамки на претквалификациите за Светското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Кина. 

Овој претквалификациски циклус го почнавме со резултати за заборав - несреќен пораз од Косово на готи во кој му дозволивме на противникот да наталожи предност од 22 поени за да потоа успеем да стигнеме до 2 поени негатива, но не и да ја анулираме негативата во целост. Вториот натпревар ни го донесе вториот пораз, овој пат од Естонија во Скопје во натпревар во кој имавме и двоцифрена предност, но ја прокоцкавме.

Во третиот натпревар, воедно последен на домашен терен, немаме простор за грешка. Победата е императив.

Селекторот Јорданчо Давитков и неговите 12 избраници се оптимисти во пресрет на натпреварот очекувајќи позитивен исход.

Натпреварот ќе започне во 20 часот и 30 минути.