Нашата сениорска репрезентација ја запиша првата победа во рамки на претквалификациите за СП 2019. Избраниците на Јорданчо Давитков демонстрираа квалитет на паркетот, агресивната игра во одбраната го присили противникот на грешки кои знаевме да ги искористиме за таложење на предност.

Првите поени Косово ги реализира од линијата за слободни фрлања, додека нам ни требаа неколку минути да го фатиме ритамот. Следеше период во кој доминиравме во одбраната, што не доведе на еден поен негатива на полувремето (40-41). Во вториот дел од натпреварот ја одржавме агресивноста во одбраната, но стабилните раце на нашите шутери ни донесоа и двоцифрена предност, која ја одржавме до крајот, до конечни 87-74 (19-22, 21-19, 23-13, 24-20)

 

СТРЕЛЦИ
Николовски (2поени), Стајиќ (2), Костоски (16), Стојановски (14); Тасовски (4), Ѓуроски (5), Чековски (8), Теодор (24),Младеновски (12)