Нашите јуниорски репрезентативки го завршија настапот на овогодишното Европско првенство (Дивизија Б) како 21. пласирани откако во рамки на последниот натпревар забележаа победа над врсничките од Албанија со 88-58.

Избраничките на Анета Глигорова ја завршија групната фаза со четири порази, од селекциите на домаќинот Ирска, Украина, Велика Британија и Словачка и запишаа само една победа, најубедлива досега, против Молдавија.

Тоа за нас значеше пласман во борбата за опстанок во оваа дивизија. Петтото место во групата Д ни ја донесе шестопласираната селекција од групата Ц – Швајцарија. Од Швајцарија загубивме, па следеше натпревар против Данска. Среќата беше на наша страна, па поради откажување на настапот на Данска добивме ден одмор пред последниот натпревар.

МАКЕДОНИЈА – Албанија 88-58 (18-8, 19-14, 26-20, 25-16)
СТРЕЛЦИ
Андонова (14поени), Џуговска (2), Митрева (8), Лалкова (3), Шеќероска (18), Стојанова (2), Петрушевска (6), Серафимоска (15), Стоева (5), Спировска (15)