Вкупно две победи и три пораза има на контото на нашата кадетска репрезентација во рамки на групната фаза од Европското првенство (дивизија Б) кое се одржува во Бугарија веќе пет дена. Ншите репрезентативни кошаркари до 16 години беа на прагот на запишувајќи уште еден пораз, но во последните две минути од натпреварот против Луксембург не само што успеаја да ја анулираат негативата пред себе, туку и направија комплетен пресврт што на крајот значеше победа.

Тоа нè остава како четвртопласирани во групата Д и ни носи разигрување за палсман од 9. до 16. место. Нареден наш противник е третопласираната селекција од групата Ц.

Луксембург - МАКЕДОНИЈА 71-75 (19-21, 26-15, 15-17, 11-25)

СТРЕЛЦИ
Јанев (2поени), Митевски (20), Наумовски (19), Јакимовски (6), Миловановиќ (13), Кацарски (4), Наумоски (2),Бошковски (9)