Нашата сениорска репрезентација запиша нов пораз во рамки на претквалификациите за Светското првенство 2019. Од гостувањето во Естонија, сениорите се враќаат со пораз од 74-65 (16-18, 25-23, 13-14, 20-10) со кој и дефинитивно се комплицира пласманот во квалификациите. Во моментов, Македонија се наоѓа на делба на второто место со Косово, а последниот натпревар, закажан за три дена од сега (помеѓу Естонија и Косово) ќе го одлучи вториот патник во квалификациите од нашата група.

СТРЕЛЦИ
Николовски (2поени), Костоски (6), Стојановски (18), Тасовски (7), Ѓуроски (2), Чековски (10), Теодор (19), Младеновски (1)