Нашата кадетска репрезентација ја запиша првата победа на Европското првенство (дивизија Б) што веќе трет ден се одигрува во Скопје. Стојна Вангеловска ги мотивира своите избранички за да ги заборават двата пораза зад себе, од Украина и Словенија, па со посигурен пристап на теренот црвено-жолтите кадетки ги победија врсничките од Молдавија со

Следи ден за одмор, па натпревар против соодветната селекција на Ирска.

Молдавија - МАКЕДОНИЈА 30-87 (10-26, 7-26, 3-19, 10-16)

СТРЕЛЦИ
Димитријевиќ (2), Тасевска (6), Плакај (15), Поп Димитровска (2), Николиќ (24), Селцова (6), Митрева (21), Атанасовска (4), Кожобашиовска (7)