Македонската сениорска репрезентација не успеа да ги мине претквалификациите за Светското првенство 2019 откако во последниот натпревар во рамки на групната фаза Косово ја совлада Естонија. Со тоа, нашата селекција е третопласирана во групата Ц, зад првопласираната Естонија и Косово и не обезбедува пласман во квалификациите за СП.

Ждребот за последните осум места во групите за квалификациите за СП2019 ќе биде одржан в четврток (24. август).