Нашата кадетска репрезентација ја завршува групната фаза од Европското првенство (дивизија Б) со една победа, но и со четири порази. Како петтопласирана селекција во групата Б, репрезентативните кошаркарки до 16 години, по еден ден одмор, ќе се борат за конечен пласман од 17. до 22. место.

Последниот натпревар од групната фаза, против непоразената Белгија, го започнавме со лесно реализирани шутеви. Имавме соодветен одговор за поголемиот дел од акциите на противникот кој во вториот период не надигра во рекетот и започна да таложи предност која до полувремето се искачи на високи 31-47. Вториот дел од натпреварот го отворивме со пад на концентрацијата што влијаеше на целокупната реализација. Во првите неколку минути останавме без погоден шут додека противникот направија серија од 13 поени во низа. До крајот на натпреварот не успеавме да ја анулираме негативата.

МАКЕДОНИЈА - Белгија 57-94 (15-23, 16-24, 14-26, 12-21)

СТРЕЛЦИ
Димитријевиќ  (6поени), Тасевска (2), Плакај (6), Николиќ (15), Селцова (6), Митрева (16), Атанасовска (4), Кожобашиовска (2)