Најмладите репрезентативни кошаркари, од возрасната категорија до 14 години, запишаа нов пораз на вториот натпреварувачки ден на турнирот „Slovenia Ball“. По отворањето со убедлива победа над 'белите' од Словенија, избраниците на Денис Дервишевиќ беа поразени од врсниците од Израел во вечерниот термин додека денес повторно запишаа пораз. Овој пат посилни беа младите кошаркари од Хрватска.

Резултатски заостанувавме речиси во целиот натпревар, за да во последниот период конечно го фатиме ритамот. Сепак тоа не беше доволно за анулирање на негативата и евентуален пресврт.

Во вечерниот термин (20:15) младите кошаркари ќе си ги одмерат силите против Украина. Од утре следи разигрување за конечен пласман на турнирот.

Хрватска - МАКЕДОНИЈА 95-69 (32-12, 27-14, 26-19, 10-24)

СТРЕЛЦИ
Наумоски (6поени), Софронијевски (2), Наков (6), Богатиновски (8), Митревски (4), Трпески (5), Кларица (3), Гацов (4).Петков (5), Ѓорѓевиќ (7), Величковски (6), Боцевски (13)