Репрезентативците до 14 години го отворија вториот дел од натпреварувањето на „Slovenia Ball“ со триумф над врсниците од Полска со кој се искачуваат на врвот на табелата А2. Во табелата А1 се сместени четирите полуфиналисти додека во А2 се репрезентациите кои разигруваат за пласман од петтото до десеттото место на турнирот.

На нашите најмлади репрезентативци им следи уште еден натпревар, против подобриот од дуелот Унгарија - Украина кој е на распоредот подоцна денес. Последниот натпревар ќе го одиграме утре (27. август) со почеток во 13часот и 30 минути.

Полска - МАКЕДОНИЈА 66-78 (19-13, 15-23, 18-20, 14-22)

СТРЕЛЦИ
Митревски (11поени), Наумоски (13), Софронијевски (10), Ѓорѓевиќ (2), Кларица (10), Петков (4), Трпески (9), Величковски (13), Боцевски (6)