Нашите кадетски репрезентативки со победа во својот последен натпревар на Европското првенство (дивизија Б) го освоија 17. место.

Групната фаза ја започнавме со пораз од Украина со 58-40 во натпревар кој го загубивме во вториот дел. Следеше несреќен пораз од Словенија со 62-73 кои нè запреа во второто полувреме со пресинг по цеиот терен. Третиот натпревар и ја донесе првата победа, против селекцијата на Молдавија со 30-87. Воедно селекцијата на Модлавија заврши на 22. место на првенството и го доби признанието за „фер плеј“. Натпреварувањето во рамки на групата Б го завршивме со уште два пораза, првиот од Ирска со 54-72, а вториот од Белгија со 57-94. Следеше формирање на нова група и разигрување за пласман од 17. до 22. позиција. Норвешка ја совладавме со 55-62, а

Против Велика Британија започнавме бавно. Не изненади нивното рано водство со реазлизирана тројка, но и не разбуди. Поведовме набрзо, но потоа следеше период без речиси никаква реализација. Во меѓувреме, нашите противници наталожија предност од 8-17 на крајот од првиот период. Во вториот период успеавме да го шокираме противникот со две тројки реализирани во краток период со кои брзо успеавме да ја анулираме негативата пред себе. На полувремето имавме предност од три поени (29-26). Во вториот дел од натпреварот, противникот направи пресврт, но не го задржа. Повторно бевме посилни по надворешните страни и со нови два реализирани шута од далечина го завршивме натпреварот со 53-50.

МАКЕДОНИЈА - Велика Британија 53-50 (8-17, 21-9, 10-15, 14-9)

СТРЕЛЦИ
Димитријевиќ (22поени), Плакај (2), Николиќ (2), Селцова (10), Митрева (9), Кожобашиовска (8)