Со краток говор на Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, официјално беше отворен 3х3 турнирот „Skopje 2k17“. Монтажните трибини на фонтаната во Градскиот парк в Скопје беа исполнети до последното столче уште пред почетокот на турнирот кој ќе трае два дена. Љубителите на кошарката ќе можат да уживаат во атрактивната игра на 15 екипи, дел од Република Македонија, дел од другите земји од регионот. 

Први на теренот истапија екипите на Олимп и на Comeback. Пред 20:00 часот односно пред втората рунда на натпревари на теренот ќе истапи кошаркарската екипа од Специјалната Олимпијада.

Резултатите како и распоредот можат да се следат на следниот линк.