Екипата на Олимп го освои првото место на првиот FIBA 3х3 турнир кој вчера и денес се одржуваше во Скопје, насловен Skopje2k17. Кошаркарите ја оправдаа фаворитската улога која се базира на нивните досегашни успеси во ’баскет’ натпреварувањата совладувајќи ја екипата на Dangerous во финалниот натпревар со 21-17. Кошаркарите на Олимп ја освоија првата награда чек вреден 1.500 евра како и вредни пакетчиња од Македонската кошаркарска федерација додека второпласираната екипа освои парична награда од 500 евра.