Кошаркарите на Работнички со пораз од Парма го започнаа настапот во Европа Купот организиран под палката на ФИБА. Најтрофејниот кошаркарски колектив од Република Македонија во студениот Перм замрзна на -25 поени во финишот кои ќе се обиде да ги анулира за шест дена (27. септември, среда) в Скопје.

Избраниците на Марин Докузовски резултатски заостануваа од почетокот на натпреварот. Егал имаше само по првите три минути (2-2, па 4-4), а потоа разликата започна да расте. Следеше мал пад на концетрацијата кај домаќинот која дополнитлно беше разнишана откако Чохадаревиќ од Работнички погоди шут за три. Разликата од шест поени беше стопена (16-10 до 16-15), но „центарци“ немаа сила за завршување на периодот во исто темпо, па негативата одново се зголеми, овој пат на седум поени. Вториот период двете страни беа изедначени во пристапот на игра, па на полувреме се замина со 41-33 предност за домаќинот. Откако екипите се вратија на паркетот Работнички не можеше да го следи ритамот кој го наметна расположениот домаќин. Со речиси двојно повеќе постигнати поени, Парма го трасираше патот кон победата во првото квалификациско коло од Европа Купот.

Парма – Работнички 88-63 (24-17, 17-16, 27-15, 20-15)

СТРЕЛЦИ
Крстевски (7поени), Мираковски (2), Чековски (4), Гинјард (14), Луциус (9), Костов (22), Чохадаревиќ (5)