Македонскиот актуелен вицешампион го заврши настапот во Лигата на шампиони организирана од ФИБА со еден пораз и со една победа. Во рамки на првиот натпревар од првата квалификациска рунда одигран в Скопје, Карпош Соколи загуби со осум поени негатива, кои не успеа да ги анулира на гостувањето во Талин кај естонскиот актуелен шампион, Калев Крамо.

Пристапот на игра на избраниците на Борче Даскаловски беше значително подобар споредено со играта демонстрирана пред само два дена в Скопје, но и покрај ангажираноста на поголемиот дел од кошаркарите кои македонскиот стратег ги има на располагање, „Соколите“ останаа без пласман во втората квалификациска рунда од Лигата на шампиони.

По елиминацијата од ЛШ, Карпош Соколи ќе продолжи да се натпреварува во европа Купот на ФИБА.

Калев Крамо – Карпош Соколи 78-81 (13-14, 23-21, 23-25, 19-21)

СТРЕЛЦИ
Колинс (2поени), Браун (19), Соколов (16), Николовски (16), Мекфејден (16), Делиќ (8), Лабовиќ (4)