Тренерските лиценци за натпреварувачка сезона 2017/18 во сите категории на натпреварување ќе ги издава Тренерската Комисија при МКФ.

Секој клуб е должен да пријави тренер за секоја екипа и категорија во која ќе се натпреварува.

Еден тренер може да биде пријавен најмногу во две екипи во рамките на еден клуб, и тоа:

  • прв тренер во една екипа
  • помошен тренер во втора екипа

-----------------------------------------------------------------------------------------

За добивање на лиценца за натпреварувачка сезона, се уплаќа членарина во износ од 1.200 денари на сметка на ЗКТ  (300 000 003 184 643 Комерцијална банка) и издавање на лиценца на сметка на МКФ Тренерска (300 000 004 012 053 Комерцијална банка)

Прва лига мажи – 6.000 денари

Прва лига жени, Втора лига мажи, Трета лига мажи – 4.000 денари

Младинска лига – 3.000 денари

Странски тренер – 30.000 денари

Барањата навремено да бидат испратени до МКФ, за лиценцирање на тренери со име, презиме и екипа која ќе ја води