Клубовите Гостивар и Работнички претстојниот петок (29. септември) ќе си ги одмерат силите во пријателски натпревар од хуманитарен карактер. Иницијативата ја покрена раководството на клубот од Гостивар кој во претстојната сезона ќе се натпреварува во кошаркарската ’елита’ на Република Македонија, за помош на Ивица Стрезовски.

Триесет и пет годишниот Ивица, родум од Гостивар, боледува од спиноцеребрална атаксија и му е потребно лекување во Кина кое чини 18.000 американски долари.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Младост“ во Гостивар со почеток во 19:00 часот. Влезница за натпреварот чини симболични 50 денари.

Броеви за донација:
T-mobile 143 171
VIP 143 460