Македонската Кошаркарска Федерација објавува конкурс за добивање на тренерски лиценци и тоа за следните нивоа; Ц и Б.

Кандидатите кои се заинтересирани за пријавување за еден од горенаведените курсеви во прилог на своето барање треба да ги достават и следниве документи:

За лиценца - Ц

-  Потврда за државјанство, копија од лична карта или пасош
-  Најмалку 4 години активно играње кошарка во сениорска конкуренција во редовно натпреварување, во која било сениорска лига, потврда од клуб
-  Најмалку средно образование, копија од диплома за завршено средно образование
-  Кратка биографија
-  На барањето задолжително да се наведат телефон и e-mail адреса за контакт.

За лиценца – Б

-  Да има најмалку 3 (три) години работно искуство како тренер во младински категории, потврда од клуб,
-  Најмалку средно образование, копија од диплома за завршено средно образование:
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер во Втора лига или асистент тренер во Прва лига, потврда од клуб.
-  Најмалку 1(една) година како Прв тренер на младински екипи кои се натпреваруваат во Супер лига на, потврда од клуб.
-  Или 4(четири) години професионален ангажман како кошаркар или настапи во А репрезентација, потврда од клуб или МКФ.
-  Кратка биографија
-  На барањето задолжително да се наведат телефон и мејл за контакт.

Документите да се достават во архива на МКФ до 8. октомври, 2017 година, по завршување на овој рок и формирање на групите, Македонската Кошаркарска Федерација ќе ги одреди термините и местото на одржување и ќе прати известување до пријавените кандидати.

 

          НАПОМЕНА   
Тренерите кои имаат завршено соодветно образование (Виша школа за физичка култура, Факултет за физичко и здравствено образование или исто образование од странство – со нострифицирана диплома), не се обврзани да го посетуваат ова ниво на доедукација.