Денес (4. октомври, 2017 година) во просториите на Македонската кошаркарска федерација се одржа ждребот за паровите во првото коло за претстојната натпреварувачка сезона (2017/2018) во Првата лига (мажи).

Вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во првиот дел од првенството. Од минатата сезона остануваат актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром, вицешампионот и освојувачот на државниот Куп за оваа година Карпош Соколи, Работнички, Куманово, Фени Индустри, АВ Охрид, Струмица и Кожув. Од Втората лига промоција добија екипите на Гостивар и на Радовиш, но на местото на Радовиш ќе се натпреварува Блокотехна. Со проширување на Првата лига од 10 на 12 екипи, место во кошаркарската елита на Република Македонија добија Пелистер и Шкупи.

ДВОЈКИ ПРВО КОЛО
Пелистер – Шкупи
Фени Индустри – Гостивар
Струмица – АВ Охрид
Кожув – Блокотехна
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи
Куманово - Работнички

 

Целосниот распоред е достапен на следниот линк.