Трката за трофејот во домашното кошаркарско првенство започнува утре! Вкупно дванаесет екипи пријавија учество во кошаркарската елита на Република Македонија, а војната за престиж започнува утре (сабота, 7. октомври, 2017 година) во 19:00 часот со натпреварот помеѓу екипите на Куманово и на Работнички. Во првото коло ќе се сретнат уште пет двојки, но натпреварите ќе бидат одиграни во текот на целата наредна седмица.

Струмица и АВ Охрид ќе си ги одмерат силите в недела со почеток од 19:00 часот додека во истиот термин ќе се одигра и гевгелиското дерби помеѓу Кожув и Блокотехна. Пелистер и новајлијата во првата лига Шкупи во вторник ќе го одиграат меѓусебниот дуел во рамки на првото коло. Ден подоцна трикратниот македонски шампион Фени Индустри ќе ја нагости екипата на Гостивар (18:00 часот) додека актуелниот македонски шампион МЗТ Скопје Аеродром ќе го заокружи првото коло одигрувајќи натпревар на домашен терен против вицешампионот Карпош Соколи.

Дванаесетте екипи ќе одиграат вкупно по 22 натпревари во регуларниот дел од натпреварувањето. Потоа најдобрите шест екипи ќе продолжат да се натпреваруваат во Суперлигата додека преостанатите ќе се борат за опстанок во прволигашкото друштво во Плејаут лигата.

Македонската кошаркарска федерација им посакува успех и фер борба на сите екипи.

Статистиката е достапна на следните линкови
Куманово - Работнички
Струмица – АВ Охрид
Кожув – Блокотехна
Пелистер – Шкупи
Фени Индустри – Гостивар
МЗТ Скопје Аеродром – Карпош Соколи