Натпреварувачката сезона за 2017/2018 година попладнево ја отворија Куманово и Работнички со меѓусебен дуел во рамки на првото коло. Најтрофејниот кошаркарски колектив во Република Македонија по пет дополнителни минути за игра славеше на гости во Куманово со 88-91 односно 24-16, 27-21, 15-24, 15-20 и 7-10 по делници.

Домаќините доминираа во првиот дел од натпреварот, но во вториот дел се сменија улогите на актерите на паркетот. Гостинскиот состав успеа да ги искористи грешките на противникот, да ја анулиа негативата од 14 поени која ја имаше на полувремето и да се избори за уште пет минути игра (81-81). Во последните пет минути игра, кумановци ја презедоа иницијативата, но грешките во одбраната и изнудените фаули од страна на противникот беа пресудни за финалниот исход.

СТРЕЛЦИ:
Куманово: Јанески (19поени), Караколев (10), Караџовски (29), Миљковиќ (10), Грифин (11), Штерјов (6), Георгиевски (3)
Работнички: ГИнјард (22поени), Ефремовски (3), Крстевски (6), Костов (30), Чохадаревиќ (12), Николиќ (7)