МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи со меѓусебен дуел го затворија првото коло од тековната натпреварувачка сезона (2017/2018) во првата лига од домашното првенство во машката конкуренција. Во реприза од ланската финална плејоф серија, овој пат вицешампионот славеше на гостински терен со 83-85 односно 16-22, 17-25, 26-23 и 24-15 по делници.

Актуелниот шампион се постави доминантно на почетокот на натпреварот, но ја загуби концентрацијата во целост кон крајот на првиот дел од натпреварот. Kошаркарите од гостинскиот состав знаеја како да ги искористат грешките на противникот за да направат и највисока предност од 18 поени, на почетокот на третиот период (36-54). Се чинеше како тоа да е најава за уште подоимнантна игра на гостите во второто полувреме, но се случи спротивното. „Металците“ ја забрзаа играта, профункциоинира и шутот за три поени, па разликата се намали на три поени (82-85), најмногу благодарение на расположениот Бојан Трајковски. До крајот останаа нешто повеќе од 60 секунди, време за кое шампионот не успеа да ја аннулира минималната негатива.

СТРЕЛЦИ
МЗТ Скопје Аеродром: Стојановски (10поени), Лалиќ (8), Гарсија (13), Џенсен (5), Пенов (3), Минчев (10), Трајковски (34)
Карпош Соколи: Лабовиќ (11поени), Чомагиќ (16), Колинс (2), Браун (15), Соколов (19), Николовски (12), Делиќ (5), Ѓуроски (5)

РЕЗУЛТАТИ ПРВО КОЛО ПЛМ
Куманово 2009 - Работнички 88 - 91
Струмица - АВ Охрид 76 - 90
Кожув - Блокотехна 56 - 99
Пелистер - Шкупи 80 - 73
Фени Индустри - Гостивар 92 - 96
МЗТ Скопје - Аеродром 83-85